недела, јули 19, 2026
Дома СВЕТ Перу погоден од силен земјотрес, проследен со уште два последователни потреси: Најмалку...

Перу погоден од силен земјотрес, проследен со уште два последователни потреси: Најмалку 5 лица загинаа/ВИДЕО

48

Најмалку пет лица загинаа во земјотресот со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала што го погоди регионот Хунин во централниот дел на Перу, јавуваат локалните медиуми.

Епицентарот на потресот бил на длабочина од 22 километри. Американскиот геолошки институт (USGS) го оцени земјотресот како „значаен“ поради неговата умерена јачина и фактот што се случил во сеизмички многу активен регион, каде честите потреси се предизвикани од субдукцијата на плочата Наска.

По главниот потрес биле регистрирани уште два последователни земјотреса со помал интензитет. Едниот се случил 17 минути подоцна на истото подрачје и бил со магнитуда од 3,7 степени.

Земјотресот бил почувствуван и во главниот град Лима, како и во градот Уанкајо, каде што жителите на социјалните мрежи објавија дека почувствувале силно тресење. Дел од нив превентивно ги напуштиле домовите и зградите.

Засега нема информации за загинати, повредени или за материјална штета. Надлежните служби продолжуваат со проценките во областите каде што земјотресот бил најсилно почувствуван.

ИЗДВОЕНИ