Претседателот на Европскиот параолимписки комитет, Рајмон Блондел е во посета на Параолимпискиот комитет на Македонија.

Неговата посета ги вклучува Македонија, Косово и Албанија, а причината е да се информира за работата на нашите комитети и предизвиците со кои се соочуваме при вклучување на младите лица со инвалидност во параолимпизмот, начинот на финансирање на комитетот и здружените членки, организација и спроведување на активностите и спортските натпревари.

Во просториите на МОК се одржа работен состанок помеѓу двајцата претседатели на кој се апострофираше досегашната успешна соработка и взаемно почитување со можност истата да се интензивира во следниот период.

 

ИЗДВОЕНИ