ПЕРЕЗ: „Тој фудбалер никогаш повеќе нема да игра за Реал (М)“

10200
EPA-EFE/FERNANDO ALVARADO

Шпанскиот гигант Реал (М) веќе ангажираше неколку квалитетни фудбалери за новата сезона, но веќе е составен и списокот со играчи на кои ќе им биде покажана излезната врата од „Сантијаго Бернабеу“.

Новиот предводник на „кралскиот клуб“, Чаби Алонсо, изјави дека има потреба од услугите на бразилскиот интернационалец Родриго, но шпанските медиуми тврдат дека претседателот, Флорентино Перез, на крилниот напаѓач му порачал дека повеќе нема да го носи белиот дрес.

„Неговото заминување е завршена работа, а клубот веќе работи на неговиот трансфер, кој ќе биде комплетиран во наредните недели“, беше објавено во еден од бројните шпански портали кои будно ги следат сите случувања во и околу двата најголеми шпански клуба.

Родриго не доби ниту една минута на дуелот со Барселона и тоа веројатно беше јасна порака дека неговото време во Мадрид заврши.

Дури ни повредата на Винисиус Јуниор не му помогна на Родриго повторно да заигра. Неговите настапи во последните недели предизвикаа незадоволство во клубот, кој очекуваше многу повеќе од него во клучните моменти.

Неговите зборови пред „Ел Класико“ дека „нема сила“ да игра, се покажаа како клучни кога е во прашање неговиот однос со соблекувалната и дел од стручниот штаб.

Бразилецот, кој пристигна како големо засилување, многупати покажа дека е навистина фантастичен фудбалер, но во Мадрид се разочарани од неговиот однос во последно време, а најзабележливата немотивираност е доволен доказ дека се откажал од Реал (М).

Со доаѓањето на Мбапе, Родриго падна во втор план и очигледно не е во плановите на Перез за иднината, па првиот човек на Реал на донесе одлука да го продаде, а би можел да замине во Манчестер Сити, кој претходно се обиде да го купи.

Реал (М) е подготвен да преговара и има намера да го продаде за околу 80 милиони евра, а заработените парите би се искористиле за доведување други играчи.

Родриго, се соопштува, нема да биде повикан за претстојните натпревари на Светското клупско првенство. Играчот, свесен за ситуацијата, исто така прифати дека е најдобро да бара нова дестинација.

ИЗДВОЕНИ