Пеп веќе избра нов клуб, само се чека еден момент

1
epa11861908 Manchester City manager Pep Guardiola stands on the touchline during the UEFA Champions League match between Manchester City and Club Brugge in Manchester, Britain, 29 January 2025. EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Трофејниот тренер, Пеп Гвардиола, со години им носи радост на навивачите на Манчестер Сити, а сега наводно решил да си замине.

Каталонецот го презеде англискиот премиерлигаш во летото 2016 година, откако претходно ги водеше Барселона и Баерн (М). Тој работеше во Барселона од 2008 до 2012 година, освојувајќи ја Лигата на шампионите, Ла Лига и неколку домашни трофеи. Потоа помина три сезони во Баерн (М), освојувајќи сè што можеше да се освои во Германија, Бундеслигата, куповите и суперкуповите.

Пристигнувајќи во Сити, тој започна долгорочен проект. Првата сезона беше вовед во она што требаше да дојде, а од втората Гвардиола почна да составува тим кој ќе доминира во англискиот фудбал. До денес, тој освои повеќе Премиер лиги, ФА Купот, Лига Куповите и конечно Лигата на шампионите во 2023 година. Исто така ги освои и Европскиот Суперкуп и Светското клупско првенство.

За време на неговиот мандат, Сити стана трофеен клуб со јасен стил на игра и резултати кои редовно ги држат на врвот на англискиот и европскиот фудбал. Гвардиола на тој начин влезе меѓу најуспешните тренери во историјата на Премиер лигата.

Сепак, сега се појави информација дека Пеп одлучил да се врати во Барселона?! Секако, таму му е срцето, сега купил скапа вила и тоа беше причината новинарите да заклучат дека конечно ја напушта Англија на крајот од сезоната.

Покрај тоа, Пеп не крие дека сака повторно да биде тренер на Барселона, па затоа не е исклучено дека во блиска иднина ќе го наследи Ханси Флик.

Неодамна се појавија гласини дека Пеп навистина сака да се збогува со Сити на крајот од сезоната, иако има договор до летото 2027 година.

Гвардиола се надева дека ќе освои трофеј оваа сезона, а фокусот е на Премиер лигата и Лигата на шампионите. „Граѓаните“ не играат како што треба во домашното првенство, имаат 22 бода, седум помалку од лидерот на табелата, екипата на Арсенал.

ИЗДВОЕНИ