
Францускиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Жулс Кунде, е најновата желба на менаџерот на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, Пеп Гвардиола. Трофејниот стручњак е убеден дека Кунде може да биде идеална опција за офанзивните бековски позиции, но е запознаен и со фактот дека понудата за обештетувањето не смее да биде помала од 80 мил. евра.











