
Близок извор до таборот на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити откри дека најверните пријатели и соработници на менаџерот, Пеп Гвардиола, го советувале дека е време да почне да размислува за нов проект. Трофејниот шпански стручњак пред неколку месеци изјави дека ако си замине од „Итихат“ не планира да биде тренер на некој друг клуб, но не ја отфрли опцијата да биде селектор на некоја репрезентација.











