петок, февруари 27, 2026
Дома СКОПСКА Пензионерски клуб во урбаната заедница Мирче Ацев

Пензионерски клуб во урбаната заедница Мирче Ацев

82

Општина Ѓорче Петров денеска официјално го отвори новиот пензионерски клуб во просториите на урбаната заедница Мирче Ацев.

Со ова, пензионерите од овој дел на Општината добиваат функционален и пријатен простор за дружење, рекреација и секојдневни активности.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, истакна дека вложувањето во подобри услови за пензионерите останува приоритет  на Општината.

– Нашите највозрасни сограѓани заслужуваат внимание, почит и услови за квалитетен живот. Тие се најактивната група во општината, ангажирани, посветени и секогаш подготвени да дадат придонес во заедницата. Отворањето на овој клуб е чекор кон нивна поголема вклученост и социјализација – изјави Стојкоски.

Пензионерскиот клуб ќе служи како отворен простор за реализирање различни програми, културни настани, едукативни и спортски активности за пензионерите.

Општина Ѓорче Петров продолжува со активностите насочени кон унапредување на животот на сите генерации, со акцент на создавањето можности за достоинствено стареење.

ИЗДВОЕНИ