Видео од пензионерка од рускиот град Перм, која има необична сличност со американскиот претседател Доналд Трамп, ги преплави социјалните медиуми и предизвика лавина од коментари и шеги.
Веројатно ви се случило повеќе пати да видите некој странец кој изгледа неверојатно слично на некој што го познавате. Еден човек видел постара жена од Русија на автобуска станица и ја споредил со, ни помалку ни повеќе, американскиот претседател Доналд Трамп.
Видео од маж кој се приближува кон постара жена стана вирално на интернет.
– Извинете, но дали знаете дека личите на Доналд Трамп? – праша младиот човек.
– Па, така е! – одговара дамата и додава:
– Имаме само иста седа коса.
Во коментарите на видеата, многу корисници активно дискутираат за ситуацијата и се шегуваат за можна посета на американскиот претседател на рускиот главен град.












