понеделник, јануари 19, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Пензионерите во одбрана на линеарното пресметување на пензиите протестираат пред Уставен/ФОТО

Пензионерите во одбрана на линеарното пресметување на пензиите протестираат пред Уставен/ФОТО

232
Фото:Ѕ.Плавевски

Пензионери од повеќе градови во земјата за денеска (1.12) најавија протест против одлуката на Уставниот суд да поведе постапка за член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалиското осигурување.

Од пред Уставниот суд, Зоран Трајков, претседател на иницијативниот одбор на групата пензионери кои се залагаат за линеарно покачување на пензиите, им порача да се запрашаат „каде е грижата за пензионерите со мали пензии” и дека за тоа треба некој да поведе грижа.

– Нашата борба е за сите идни пензионери, за корка леб и лекови. Не го збориме ова против власта. Ова го збориме за Македонија еднаш да биде обединета. Доста е со поделби. Не за џабе викаат ситиот не му верува на гладниот. Нашиот глас допрва ќе биде чуен, изјави Трајков.

Но, нагласи Трајков, нема да бидеме само пред Уставен суд, ќе појдеме и пред Канцеларијата на Европската Унија на 10 декември.

-За првпат се крева гласот на пензионерите. Досега беше со процентуално зголемување на пензиите од 600- 700 денари. Ќе немаме за леб, ако се случи да биде процентуално. Јазот меѓу најголемата и најмалата пензија беше 1 према 4, сега е 1 према 7 и само ќе се зголемува. Доста е пензионерите да бидат поделени, посочи Трајков.

Станува збор за одредбата со која се зголемуваат пензиите, во јавноста позната како „линеарно зголемување”. Со поведување постапка за оценување на уставноста на оспорениот член.

Уставниот суд ќе испитува дали законското решение е оправдано и во доволна мера избалансирано.

Фото:Ѕ.Плавевски

ИЗДВОЕНИ