„Шаховскиот турнир 2025“ помеѓу месните заедници, со учество на голем број пензионери, во организација на Општина Кисела Вода и на Шаховскиот сојуз на Град Скопје, заврши со триумф на месната заедница „Црниче“.
Во Културниот дом „Билјана Беличанец“, шахистите од Црниче имаа максимален учинок по пет одиграни кола. Осумте екипи играа по Бергеров систем, а првопласираните на табелата освоија вкупно 10 бода. Второто место со девет бода го освои екипата на телесни инвалиди, која настапи под името „Кисела Вода спорт“, додека трети беа шахистите од селото Драчево со седум освоени бода.
Победниците добија пехари, дипломи и шаховски табли, кои им ги додели претседателот на Шаховскиот сојуз на Град Скопје, Ѓорѓи Миновски.
Покровител на оваа спортска манифестација беше градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска.












