Пензионерите, кои пред две години се бореа за линеарно зголемување на пензиите, најавија дека в понеделник ќе протестираат пред Уставниот суд поради најавената иницијатива да се преиспита членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, одредба со која се зголемуваат пензиите (во јавноста познато како линеарно зголемување).

Судијката Добрила Кацарска предложи, а нејзините колеги прифатија да се оценува оваа одредба, која е оценета од Судот дека ги дискриминира пензионерите со високи пензии, кои би зеле повеќе пари со усогласувањето на пензиите според трошоците отколку со линеарното зголемување, со иста сума за сите.

– Протестот е организиран од истиот Иницијативен одбор што претходно се бореше за линеарното покачување, но сега Кацарска најави дека е неуставно тоа и дека ќе се оспори на Уставниот суд. Со тоа се носи неразумно решение и не може да се задоволи потребата на пензионерите што се со многу ниски пензии и не знаат како ќе закрпат утре крај со крај – велат од Иницијативниот одбор.

 

ИЗДВОЕНИ