четврток, јануари 29, 2026
Дома СВЕТ Пентагон го отстрани портретот на пензионираниот генерал кого Трамп го нарече “морон“

Пентагон го отстрани портретот на пензионираниот генерал кого Трамп го нарече “морон“

188
EPA-EFE/J. Scott Applewhite

Пентагон во понеделникот го отстрани портретот на Марк Мили, пензиониран генерал и поранешен претседател на Здружениот Генералштаб, изјавиле двајца сведоци за Ројтерс, потег што дојде само два часа од инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп.

Пентагон веднаш не одговорил на прашањето зошто портретот е отстранет само неколку дена по неговото откривање.

Трамп има длабоко незадоволство кон Мили и еднаш го нарече „бавен во движењето и размислувањето“ и „морон“, потсетува британската агенција.

Неколку часа пред инаугурацијата, поранешниот претседател Џо Бајден издаде „превентивно помилување’ за Мили и неколку избрани функционери и државни службеници, како и членовите на неговото семејство, барајќи да ги заштити од можна одмазда на Доналд Трамп.

ИЗДВОЕНИ