Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер сè потешко ја гледа нокаут-фазата во ЕХФ Лига на шампиони, откако на домашен терен претрпе нов пораз – овојпат од Висла Плок со 28:25.

Полскиот состав уште во првото полувреме покажа зошто важи за фаворит, заминувајќи на пауза со предност од 13:9. Во продолжението гостите рутински ја одржуваа контролата и не му дозволија на битолскиот тим да се доближи до пресврт.

До крајот на групната фаза, на Пелистер му преостануваат уште три исклучително тешки натпревари – гостувања кај ГОГ и Барселона, како и дуел на домашен терен против ПСЖ. За пласман во следната рунда ќе биде потребен речиси невозможен учинок од три победи во овие пресметки.

ИЗДВОЕНИ