Кошаркарите на Пелистер го добија дербито со Работнички со 88:85, во рамките на 12. коло од Суперлигата. Мечот беше неизвесен до самиот крај, а тоа најдобро го покажува фактот што ниту еден од тимовите не успеа да дојде до двоцифрена предност.

За разлика од овој натпревар, дуелот меѓу Куманово и Чаир беше прекинат по само две минути и водство на домаќините од 2:0. Причина за таквата одлука е тоа што се лизна еден од гостинските кошаркари на теренот, па чаирчани веднаш побараа прекина. Инаку, ова е втор натпревар на КК Куманово што е прекинат поради лизгав терен.

Актуелниот шампион, екипата на МЗТ Скопје, пак, без некои тешкотии славеше на гости кај дебитантот Маџари, со 87:76.

ФОТО: ФБ – „КК Пелистер“

ИЗДВОЕНИ