Пожарите што беснеат во Шпанија се проширија на јужните падини на планинскиот венец Пикос де Европа во понеделник, а властите затворија дел од популарната рута за поклонение Камино де Сантијаго.
Околу дваесетина пожари, поттикнати од 16-дневниот топлотен бран, опустошија повеќе од 115.000 хектари во регионите Галиција и Кастилја и Леон во текот на изминатата недела.
„Ова е ситуација со пожари каква што не сме виделе 20 години“, изјави министерката за одбрана Маргарита Роблес за радио „Кадена СЕР“.
„Пожарите имаат посебни карактеристики како резултат на климатските промени и овој огромен топлотен бран“.
Terrifying forest fire in Oencia, León Province, Spain 🇪🇸 (17.08.2025)
Video: Jorge Monroy pic.twitter.com/ix4r1WNLig
— Disaster News (@Top_Disaster) August 17, 2025
Шпанската армија распореди 1.900 војници за да им помогнат на пожарникарите.
Автопатите се затворени, а железничкиот сообраќај е нарушен во областа, како и планинарската рута „Камино де Сантијаго“, древна рута за поклонение што ја користат илјадници луѓе во текот на летото.
Патеката ја поврзува Франција со градот Сантијаго де Компостела на западниот врв на Шпанија, каде што се вели дека се наоѓаат останките на апостолот Свети Јаков. Властите во регионот Кастиља и Леон ја затворија патеката во област помеѓу градовите Асторга и Понферада, на околу 50 км еден од друг, и им кажаа на планинарите „да не ги ставаат своите животи во опасност“.
Досега загинаа четворица пожарникари.