Пеколно топли денови и тропски ноќи ја очекуваат Италија

33

Италија ја очекуваат неколку жешки денови, со температури над 40 степени Целзиусови и серија тропски и жешки ноќи, особено во централните и северните делови на земјата, предупредија денес метеоролозите.

Африкански антициклон ја зафати јужна Европа, носејќи висок притисок и топлина од Франција до централна и северна Италија, слично на она што се случи во летото 2003 година, изјави Лоренцо Тедичи, метеоролог и директор на порталот iLMeteo.it, пренесува Анса.

Според него, во Италија се рушат рекорди за температура, особено ноќе, при што минималните температури не паѓаат под 30 степени Целзиусови.

ИЗДВОЕНИ