Пеколен бран ги зафати јужните крави на Балканскиот полуостров. Македонија е во портокалова фаза, а термометрите во Скопје и Гевгелија покажуваат многу високи температури – до 43 степени Целзиусови со изразена жештина на воздухот. Од УХМР прогнозираат дека високите температури ќе продолжат и утре, кога се очекува максимумот повторно да достигне 43 степени на одредени места во земјата.

Овие температури се највисоките измерени ова лето, но не се и највисоките досега измерени во изминативе 100 години. Од 1926 година до сега, најтопло било во 2007 година, а температурниот максимум кога се измерени рекордни 45,7 Целзиусови степени е регистриран во Демир Капија на 24 јули 2007 година. Во истиот ден во Скопје е измерен рекорно најтоплиот дена кога температурата се искачила до 43,3 степени. Тој ден се измерени и рекордни 45,3 степени во Гевгелија, 43,5 степени во Штип и 40,2 степени во Крива Паланка.

Скопје и околината во 1960 година во просек имале седум дена годишно со температура над 32 степени, а за во 1995 година таа бројка се искачи на 11 и во 2005 година на 13 денови. Според прогнозите на платформата Коперникус, до крајот на ова столетие скопјани може да очекуваат меѓу 26 и 65 вакви многу жешки денови.

Топлото време им кумува на пожарите со кои цела армија пожарникари, војници, доброволци, локално население од почетокот на овој месец водат битки со огнената стихија.

Пожарот на планината Готен од страната на Берово полека се става под контрола. Заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов вели дека пожарот на планината Готен гори веќе девет дена и е зафатена територија на општините Василево, Радовиш и Берово. Најкритично е на кракот во Општина Радовиш, кон селата Јаргулица и Подареш. Пожар вчера утрината бил пријавен и на планинатата Плачковица во атарот на селото Јонузлија во Општина Карбинци кој најпрво беше ставен под контрола, но набрзо бил повторно разгорен.

(С.Бл.) – (А.П.)

ИЗДВОЕНИ