петок, февруари 13, 2026
Дома БАЛКАН Пеколна одмазда поради отказ – гледајте како гори! Македонски државјанин запалил пицерија...

Пеколна одмазда поради отказ – гледајте како гори! Македонски државјанин запалил пицерија во Белград, па на газдите им праќал снимка

Според неофицијални информации од истрагата, мотивот за овој радикален чин бил неодамнешното отпуштање на осомничениот од пицеријата. Навреден од одлуката на менаџментот, С. Г., вооружен со шише бензин, на 10 февруари, дошол во објектот, ја истурил течноста низ целиот ентериер и го запалил. Сепак, она што особено ги шокирало истражителите било однесувањето на осомничениот по избувнувањето на пламенот кој го користел својот мобилен телефон за да го сними и фотографира запалениот објект, а потоа ги испратил снимките директно до сопствениците на објектот, што правно се квалификува како директна закана за безбедноста.

138

Четириесет и шестгодишен, државјанин на Македонија бил уапсен за филмско палење на угостителски објект во Вождовац. Инцидентот се случил во вторникот, на 10 февруари кога С. Г. кој работел во истиот локал но неодамна добил отказ, предизвикал намерен пожар а потоа наместо да бега, снимал со мобилен и видеата ги испратил до своите поранешни работодавци. За среќа, поради брзата реакција на неговите довчерашни колеги пожарот бил локализиран и не била предизвикана поголема штета, ниту пак имало повредени.

Како што објави српски Телеграф, припадници на Министерството за внатрешни работи во Вождовац го уапсиле под сомнение дека запалил угостителски објект каде што работел од одмазда, а потоа ги заплашил своите поранешни работодавци со бизарни видеа.

Полицијата го уапсила С. Г., кој е обвинет за кривични дела предизвикување општа опасност и загрозување на безбедноста.

Според неофицијални информации од истрагата, мотивот за овој радикален чин бил неодамнешното отпуштање на осомничениот од пицеријата. Навреден од одлуката на менаџментот, С. Г., вооружен со шише бензин, на 10 февруари, дошол во објектот, ја истурил течноста низ целиот ентериер и го запалил. Сепак, она што особено ги шокирало истражителите било однесувањето на осомничениот по избувнувањето на пламенот кој го користел својот мобилен телефон за да го сними и фотографира запалениот објект, а потоа ги испратил снимките директно до сопствениците на објектот и им рекол : “гледајте како гори“.

Како што објави порталот, иако во моментот на избувнувањето на пожарот ситуацијата била драматична, сепак била избегната катастрофа.

„Сè се случи за неколку моменти. Работниците покажаа неверојатна смиреност и веднаш почнаа да го гаснат пламенот, спречувајќи го целиот објект да изгори, но и пожарот да се прошири на околните простории по ред“, вели за порталот извор близок до истрагата.

Полицијата во Вождовац го идентификувала и лоцирала С. Г.  кој потоа со наредба на надлежното обвинителство, на осомничениот, добил притвор до 48 часа.

Тој ќе биде приведен на сослушување во законскиот рок, со кривична пријава, за понатамошна постапка. Истражните органи ќе ги испитаат сите пораки и мултимедијална содржина што осомничениот им ја испратил на сопствениците, што ќе послужи како клучен доказ во процесот.

ИЗДВОЕНИ