Откако заврши групната фаза на Евробаскетот во сите групи, конечно ги имаме сите парови од осминафиналето на Европското првенство. Сите натпревари од оваа фаза ќе се играат во Рига.

Инаку, главниот фаворит за трофејот, селекцијата на Србија, ја чека пеколен распоред до евентуално финале, пред сè поради поразот од Турција во последното коло, во кое падна на втората позиција во групата. Па така, во осминафиналето Србија ќе игра против Финска, а доколку ја мине, ќе го чека подобриот од дуелот Франција – Грузија. На патот до финалето ќе ѝ бидат уште и Германија/Португалија или Италија/Словенија. На другата страна на костурот се две селекции кои уште отсега претендираат за титулата, Грција и Турција, овие две селекции во следната фаза ќе се соочат со Израел (Грција) и Шведска (Турција).

Лева страна: Литванија – Латвија, Грција – Израел

Турција – Шведска, Полска – Босна и Херцеговина

Десна страна: Германија – Португалија, Италија – Словенија

Србија – Финска, Франција – Грузија!

ИЗДВОЕНИ