Кошаркарот на Бостон, Пејтон Причард, е прогласен за најдобар шести играч во НБА-лигата за оваа сезона. Споменатата награда му се доделува на кошаркарот што има најголем придонес од клупата, а Причард славеше пред Малик Бисли од Детроит и Тај Џером од Кливленд.
Бекот на франшизата од Масачусетс имаше просек од 14,3 поени, со 40 отсто реализација во шутот за три поени, што е и негово главно оружје. Во регуларниот дел погоди 255 тројки.
Во лигата е од 2020 година, кога беше избран од Селтикс како 26. пик во првата рунда на драфтот, а беше дел и од Универзитетот „Орегон“ во НЦАА-лигата.