„Кога не можат да те победат, ќе те оцрнат“! Покрај своите песни, тој воодушевува и со несудената македонска химна, песната „Бисер балкански“. Здивот застанува, а сите сали (во Мелбурн, Сиднеј, Волонгонг, Канбера) исполнети со македонски иселеници ја знаат песната напамет и ја пеат заедно со Јордан, предизвикувајќи пеперутки во стомакот!
Колку што е среќен поради успешната турнеја по Австралија, речиси до толку е и несреќен. Станува збор за популарниот македонски пејач Јордан Митев, кој на турнејата кај нашите иселеници прави вистински спектакли, а каде и да настапува, се бара билет повеќе. Снимките кои се споделуваат на социјалните мрежи оставаат без здив. Но, не се сите воодушевени. За жал, кога е во прашање успешниот Јордан, тој има и доста завидливци, љубоморни, оние кои постојано му прават сплетки. Пејачот вели дека тоа е така во крвта на луѓето, за се можат да ти простат, ама на успехот не, што е според него, вообичаена работа на разочараните во животот.
– Јас сум премногу задоволен со мојот живот. Имам кариера, имам семејство, имам стабилни финансии, а што е најважно од сè, имам одлично здравје, вели пејачот.
Во врска со таа болна завидливост, Митев има мудра порака за нив: – Кога нема да можат да те победат, ќе пробаат да те оцрнат, но ти не грижи се пријателе, бидејќи има Господ, гледа сè и мисли добро за тебе, порачува Митев во описот на впечатоците од Австралија во која од македонските иселеници е пречекан гламурозно, на кралски начин. Во многу семејства беше поканет на ручек или вечера, а доби и многу подароци, толку многу да не знае како ќе ги донесе во Македонија, со оглед на тоа што сега тежината на багажите во авионите е ограничена.
Македонскиот фолк-пејач, покрај своите песни, воодушевува и со несудената македонска химна, песната „Бисер балкански“. Здивот застанува, а сите сали (во Мелбурн, Сиднеј, Волонгонг, Канбера) исполнети со македонски иселеници ја знаат напамет песната пеејќи ја со Јордан. Нашите му порачуваат на Јордан дека само тој знае да ја пее оваа „песна над песните, која предизвикува пеперутки во стомакот со спомените на родната грутка“.
Инаку, за оние што не знаат, еве уште една убава информација. Австралија е земјата каде што Јордан ја сретна љубовта на својот живот. Девојката Славица, која потоа му стана сопруга, а со која е сега во среќен брак.
(Д. М.)












