Убави вести!
Поп-пејачот Адријан Гаџа, кој е од албанската музичка сцена во Македонија, и кој пред десетина години ја претставуваше Македонија на Песна на Евровизија во Белград, Србија, деновиве соопштува преубави вести. Од приватниот живот. Пејачот, кој со години важи за многу згоден и обожаван од жените, конечно застана на „лудиот камен“.
Избраничката на Гаџа е згодната Сидорела Даути која, според информациите објавени од албанскиот портал „Рапорто 24“, очекува бебе со пејачот. Засега полот не се открива, за да биде пријатно изненадување за сите.
Адријан ќе се оствари во улогата на татко, а тоа претставува вистинска круна на неговата животна радост. Интересно е што Адријан секогаш го чувал приватниот живот далеку од очите на новинарите и на публиката. Без скандали и трачеви, а сепак силно вљубен во својата Сидорела. Адријан, нека е за многу години и со уште здрави и радосни дечиња. Искрени честитки до дедо Емин и баба Сузана. Секако и до неговиот брат Дритон. Па, канете на прославата! (Д. М.)












