петок, февруари 13, 2026
Дома МАГАЗИН Пејачката Татјана Лазаревска, дома, во Мелбурн, го прослави 51. роденден

Пејачката Татјана Лазаревска, дома, во Мелбурн, го прослави 51. роденден

327

Далеку од родната Македонија! Нашата позната фолк-пејачка, Татјана Лазаревска, која долги години живее во Австралија со сопругот Новица Василевски, деновиве, среде нивното топло лето, го прослави својот 51. роденден, во своето ново дома, опкружена со најблиските. Таму беше и нејзината сакана мајка, Снежана, која допатува од Скопје во Мелбурн специјално за роденденската прослава.

Иако е во пристојни години, пејачката и сега има совршена линија со складни пропорции. Таа е личност што знае да ги избере вистинските фустани за на сцена, а кога е дома, најубаво се чувствува во тренерки. Токму така, лежерно облечена, го прослави роденденот без шминка, но, секако, одлично расположена. Нека ѝ е за многу години!  (Д. М.)

ИЗДВОЕНИ