На ден Митровден, изминатиот викенд, популарната македонска фолк-пејачка (и единствената жена-гајдаџика во музиката), згодната Елена Јовческа, доби ќерка! Радоста е неизмерно голема, а самата Елена радосниот настан го подели со сите роднини, пријатели, новинари… – Тоа е настан за кој треба да се зборува, така што не ги кријам своето воодушевување и својата среќа. Станав мајка! Ми се случи најубавиот момент во животот, вели веселата и секогаш насмеаната пејачка.
Елена додава дека самото породување поминало прекрасно, дека нејзиното срце сега чука побрзо од кога било:
– Среќата е неизмерна, а навистина немам зборови со кои можам да ги опишам емоциите. Благодарна сум му на целиот медицински тим кој беше со мене во секој момент. Голема благодарност до докторката Татјана Гужарова од клиниката „Њуборн“, како и до екипата на клиниката „Жан Митрев“. Секако, и до докторот Саша Јовчевски и до неговата грижна екипа, каде што се случи породувањето (изјави пејачката за „Балкан мјузик ТВ“).
Ќеркичката веќе си го има и името, ќе се вика Талија. Елена вели дека таа го одбрала тоа име, а во него има многу симболика: според музата на радоста, убавината и уметноста. – Сега мојата принцеза го има името со посебна енергија. Да ја инспирира низ животот. Талија е мојата најголема песна што ќе ја пеам со сите можни емоции за цел живот.












