петок, февруари 6, 2026
Дома СКОПСКА Педесет и шест записници за неправилно фрлање отпад во јануари

Педесет и шест записници за неправилно фрлање отпад во јануари

28

Екопатролата при јавното претпријатие „Комунална хигиена“ во јануари изготвила вкупно 56 едукативни записници за претставниците на стопанските субјекти и физичките лица што биле затечени при неправилно фрлање отпад. Најголем број записници, вкупно 32, биле врачени во скопската општина Чаир.

Од претпријатието информираат дека продолжуваат со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и на улиците што се во надлежност на Градот Скопје, во сите скопски општини.

– Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата „Македонија“, помалите плоштади „Филип Втори“, „Мајка Тереза“ и „Богородица“, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и во Старата скопска чаршија.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ минатиот месец подигнале и транспортираа приближно 13. 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.

Воедно, биле отстранети и 2.765 кубни метри непрописно фрлен мешан комунален, кабаст и градежен отпад.

– Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно фрлен отпад, 400 кубни метри, е подигнато во Општината Центар – соопштија од ЈП „Комунална хигиена“.

ИЗДВОЕНИ