Печатот го оставав на шалтер да не чекаат пациентите

Онкологот Мери Пешева призна вина

97

Онкологот Мери Пешевска, вработена на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје на судењето за случајот со несоодветното лекување на пациенти призна вина. Пешевска, пред Судот рече дека за седумтемина пациенти за кои е обвинета не е сигурна дека таа ја продолжувала терапијата зошто, како што рече, нејзиниот печат во тој период го оставала на шалтер а тоа го направила со цел пациентите да не чекаат.

– Совесно и одговорно тврдам дека мојата лозинка во системот и печатот сум ги оставила на шалтер и ги користеле практиканти и ја прифаќам вината, изјави Пешевска која заедно со поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, и уште двајца онколози се обвинети за несовесно лекување пациенти.

Претходно пред Судот, поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, рече дека не се чувствува за виновен.

-Не, апсолутно не, одговори Васев, на прашање од Судот дали се чувствува виновен за кривичните дела кои му се ставаат на товар.

Во судница присутни се и останатите двајца обвинети, вработени на Клиниката,Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски,  Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети несоодветни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.

Судот планира на секое од рочиштата да бидат повикани по пет сведоци, роднини на починатите пациенти од рак на кои им била ставана несоодветна терапија.

Против екс -директорот Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет.

ИЗДВОЕНИ