PDVSA жестоко до САД: Не и должиме ништо на Америка, ќе добијат нафта по меѓународни цени,

2831
Фото: PDVSA TV

Венецуелската државна нафтена компанија PDVSA вчера соопшти дека напредува во разговорите со САД за продажба на нафта, а член на одборот изјави за Ројтерс дека САД ќе мора да купуваат нафта по цени на меѓународниот пазар. PDVSA во кратко соопштение изјави дека страните разговарале за услови слични на оние со странски партнери како што е Шеврон, главниот партнер на компанијата во заедничкото вложување, кој моментално го контролира целиот извоз на нафта во САД.

„Процесот се базира на строго комерцијални трансакции под услови кои се законски, транспарентни и корисни за двете страни“, соопшти компанијата.

Членот на одборот на PDVSA, Вилс Рангел, кој е и лидер на синдикатот, изјави за Ројтерс дека САД ќе мора да купуваат нафта по меѓународни цени.

„Ако сакаат да ја купат, ќе ја добијат навреме, продадена по меѓународна цена. Не на начинот на кој (американскиот претседател Доналд Трамп) планира, како нафтата да им припаѓа ним затоа што наводно им должиме. Ние не им должиме ништо на САД“, рече Рангел.

„Шеврон“, која има посебна американска лиценца за извоз на венецуелска сурова нафта и покрај санкциите, е единствената компанија што моментално извезува сурова нафта од јужноамериканската земја, додаде Рангел, додека американската блокада на Венецуела целосно го запре извозот во Кина.

Вашингтон во вторникот објави договор со Каракас за добивање пристап до венецуелска сурова нафта во вредност до 2 милијарди долари, знак дека венецуелските владини претставници реагираат на барањето на американскиот претседател Доналд Трамп да се отвори кон американските нафтени компании или ризикуваат поголема воена интервенција, пренесе Танјуг.

Трамп рече дека сака привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, поставена оваа недела откако САД го соборија венецуелскиот претседател Николас Мадуро, да им даде на американските и приватните компании „целосен пристап“ до нафтената индустрија во земјата.

ИЗДВОЕНИ