петок, јануари 30, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Пцовиса нилскиот коњ Берта во Зоолошката градина во Битола

Пцовиса нилскиот коњ Берта во Зоолошката градина во Битола

19

Пцовиса нилскиот коњ Берта во Зоолошка градина – Битола. Оттаму информираат дека Берта била родена пред 40 години во Зоолошката градина во Виена.

– Берта беше омилена радост на нашите најмлади гости повеќе од една деценија. Пред да се пресели во нашата Зоолошка градина, Берта, близу 40 години, се дружеше со жителите и со посетителите и на зоолошките градини во Скопје, Белград и во Виена, од каде што и потекнуваше – соопштија од Управата на оваа установа.

Оттаму додаваат дека Берта има свои потомци во зоолошките градини во Виена, Белград и Скопје.

– И покрај длабоката старост, таа беше со солидно здравје, а во последниот период добиваше континуирана нега и терапија од нашиот ветеринар, но природниот крај за овој животински вид на оваа возраст беше неизбежен – информираа од Зоолошката градина.

Во Зоолошката градина – Битола има современо живеалиште за нилски коњ и токму затоа Менаџментот на Зоолошката ќе се обиде да обезбеди друг нилски коњ, бидејќи живеалиштето за овие животни е современо.

Планот е во оваа Зоолошка градина, во текот на оваа година, да се изградат нови живеалишта за копитари, за фламинго птици, како и терариум.

ИЗДВОЕНИ