На 5 август, на владина седница, беше донесена одлука за намалување на маржите од страна на трговците за училишниот прибор од 10 до 15 проценти, во зависност дали е на големо или на мало, а репер е цената од 1 јуни 2025 година. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека сè додека е Државниот пазарен инспекторат на терен, нема простор за нарушување на училишната кошничка

– Задача на трговците е да означат која била цената на 1 јуни 2025 година и практично врз основа на тоа да обезбедат попуст меѓу 10 и 15 проценти и да истакнат на влезот од дуќанот натпис „Помалку трошоци, повеќе за вас“. Државниот пазарен инспекторат е на терен, гледа дали се почитува. Засега немаме објективно нарушување на веќе договореното – рече Мицкоски.

Училишната кошничка стапи во сила на 15 август и ќе трае до 15 септември, при што е предвидено намалување на цените на тетратките, ранците, моливите, боиците, фломастерите, калкулаторите, ножиците, лепилото, папките и другите основни материјали, со што е предвидено олеснување на семејниот буџет за 1.000 денари.

 

ИЗДВОЕНИ