Патување кон Хрватска се претворило во пекол: Наместо бензин, во резервоарот му наточиле вода

208

Повеќе потрошувачи обвинуваат сопственик на бензинска пумпа во северна Италија дека им продава вода наместо бензин.

Швајцарскиот весник „20 Minuten“ разговараше со еден наводно оштетен клиент за неговото искуство.

„Апсолутна срамота“, цитиран е триесет и шестгодишен маж, кој за време на неговото патување во Хрватска во вторникот сакал да наполни дизел за 102,29 евра на бензинската пумпа „Esso“, Фрата Суд во Портогруаро, во покраината Венеција. И го сторил тоа – или барем така мислел.

Но, вели тој за медиумот, кратко откако си заминав, одеднаш се вклучи предупредувачко светло и мојот автомобил веднаш почна да ја губи моќта. Возилото беше одвлечено од шлеп службата, а во сервисот наводно му рекле дека „му наточиле вода, наместо бензин“.

Според извештајот, 36-годишникот морал да плати речиси 1.200 евра за услуга за влечење, нов филтер за гориво, отстранување на контаминираното гориво и други услуги на сервисот. Тој веднаш ги испратил трошоците до бензинската пумпа, барајќи од неа да ги покрие.

Досега, според „20 Minuten“, нема одговор од „Esso“ – и ако сопственикот на станицата не плати, клиентот ќе инсистира на своите права и ќе ангажира адвокат.

Она што ги поддржува тврдењата на човекот се прегледите на други возачи на Google за истата бензинска пумпа. Само еден месец претходно, една жена напиша: „Утрово наполнивме Diesel Suprem и по помалку од 10 км се вклучи светлото за вода во резервоарот“.

„Ве молиме секогаш чувајте ја сметката за гориво. Само тогаш можете да докажете каде сте наполниле подоцна“, советуваат швајцарски возачи, а пренесува „20 Minuten“.

Швајцарскиот автомобилски клуб TCS исто така го советува ова. Можно е, велат тие, 36-годишникот да добие поврат на парите заедно со сметката – „особено ако биле погодени неколку возила“. Меѓутоа, ако бензинската пумпа не соработува, ќе биде тешко да се спроведе барањето.

ИЗДВОЕНИ