Од 08:50 часот утрово, на регионалниот пат Прилеп–Крушево, кај селото Врбјани (Општина Кривогаштани), започна ненајавен јавен собир организиран од локални жители.
Според првичните информации, граѓаните протестираат поради најавените градежни активности со кои е предвидено уривање на постоечкиот мост во близина.
Од 09:10 часот, сообраќајот на оваа делница е целосно блокиран во двата правци. На терен се присутни надлежните служби, а засега нема информации за тоа колку долго ќе трае блокадата.
Возачите се предупредуваат да користат алтернативни патни правци и да бидат внимателни доколку се движат во овој регион.