Сообраќајот на регионалниот пат Р1301 Охрид – Свети Наум е целосно нормализиран од 10:50 часот, откако беше расчистен одронот на делницата меѓу селото Трпејца и Свети Наум, соопштија од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Поради одронот, сообраќајот на овој патен правец од утринските часови, почнувајќи од 6:30 часот, се одвиваше отежнато и по една коловозна лента, сè до целосното отстранување на наносот и обезбедување на безбедни услови за сообраќај.
Надлежните служби апелираат до возачите и понатаму да бидат внимателни, особено на делниците низ клисури и покрај езерото, каде постои зголемен ризик од одрони.
ИЗДВОЕНИ

Јавноста на нозе, се бара хемиска кастрација за педофилите

ИНТЕРВЈУ: ДИМИТАР БОГЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ: Архивот не смее да биде депо на заборавот, туку темел на државноста

Блокадите завршија – на потег е Европската Комисија

Дваесет и петмина полицајци на обвинителна клупа – деветмина влегле во „Пулс“ пред пиротехниката, но не ја спречиле








