Авион на „Ер Индија“ со 242 патници се урна вчера во Ахмедабад. Иако првичните информации велеа дека сите загинале, подоцна беше потврдено дека еден патник преживеал – чудо што потсетува на случајот со Весна Вуловиќ, единствената преживеана од југословенската авионска несреќа во 1972 година, наведува Кликс.
Имено, Весна преживеала авионска несреќа без падобран од висина од околу 10.000 метри. Авионот се урна во планински дел на тогашна Чехословачка, а сите патници и членови на екипажот загинаа освен Весна, која чудесно преживеа.

Заробена во опашката на авионот, кој се урна во шумски дел од планината покриен со снег, таа преживеа благодарение на специфични околности што го ублажија ударот.
Ја спасил шумарот Бруно Хонке, кој го слушнал нејзиниот врисок.
Официјалните истраги тврдеа дека станува збор за бомба, додека подоцнежните информации сугерираа дека авионот бил погрешно соборен од чехословачката војска. Весна се здоби со сериозни повреди и беше во кома десет дена, но подоцна се опорави речиси целосно.
Поради овој настан, таа влезе во Гинисовата книга на рекорди како личност која преживеала највисок пад без падобран. Таа стана позната низ целиот свет, а во тогашна Југославија се агнажираше и политички.
Имено, нејзината приказна за преживување ѝ донесе големо внимание од јавноста и статус на позната личност во Србија, а подоцна го искористи тоа признание во својот политички ангажман.
Во 1990 година, таа ја изгуби работата во авиокомпанијата поради учество во протести против тогашниот претседател Слободан Милошевиќ, иако успеа да избегне апсење.
Таа почина во 2016 година во Белград, на 67-годишна возраст.
Британски државјанин го преживеа падот на Боингот: „Бев преплашен“