Членовите на екипажот на „Бритиш ервејс“ наводно доживеале „чувство на одвоеност од телото“ откако случајно изеле гумени бомбони со канабис што им ги дал патник.
Тројца членови на кабинскиот екипаж кои ги консумирале гумените бомбони што содржат до 300 милиграми TХЦ, психоактивна супстанца што предизвикува интензивна еуфорија, биле однесени во болница, објавува британскиот портал „Стандард“.
Целиот екипаж бил отстранет од должност откако авионот слетал во Лос Анџелес од аеродромот Хитроу во Лондон.
Според „Сан“, раководството на „Бритиш ервејс“ започнало истрага за да го идентификува патникот кој ги делел гумените бомбони со канабис.
Вработените вклучени во инцидентот подоцна биле вратени како патници со посебен лет.
Авиокомпанијата соопшти дека нема индикации дека членовите на екипажот знаеле што консумираат и дека нема да се соочат со никакви дисциплински мерки.
Извор за весникот изјавил дека не е невообичаено благодарните патници да им подаруваат бомбони на персоналот, но додал дека во овој случај било среќна околност што бомбоните не им биле поделени на членовите на екипажот сè додека не пристигнале во САД.
„Бонбоните биле консумирани во автобусот на екипажот по слетувањето, а уморниот персонал со благодарност ги изел. Тие речиси веднаш сфатиле дека нешто не е во ред. Кога пристигнале во хотелскиот сместувачки капацитет, тројца членови на екипажот кои изеле голем број од бомбоните почнале да доживуваат „чувство на одвојување од своите тела“.
Тие почувствувале целосно губење на контролата, биле во паника и исплашени. Симптомите се влошиле и тројца биле однесени во болница на лекување.
Некои можеби ќе го сметаат инцидентот за смешен, но „Бритиш ервејс“ го сфаќа многу сериозно, според „Стандард“, додавајќи дека ако целиот екипаж ја изгуби можноста да лета со авионот на 9.000 метри по консумирањето на опасните супстанции, последиците би биле незамисливи.
Управата се обидува да го пронајде патникот кој се обидел да го дрогира екипажот.
Патникот би можел да се соочи со повеќекратни обвиненија.












