Патници заробени на пероните во Шпанија: Возовите масовно доцнат низ целата земја поради кражба на кабли

111

Илјадници патници во Шпанија се погодени од доцнења на возовите откако кабел што се користи во сигналниот систем на брзата железничка линија помеѓу Мадрид и Севиља е украден на четири локации, соопштија денес шпанските железнички оператори.

Кражбата, која се случи синоќа, влијаеше на десетици возови што сообраќаа меѓу Мадрид и Андалузија, во време кога голем број луѓе се враќаа дома во главниот град по празничниот викенд, пренесе АП.

Кражби на кабли се случиле на четири точки на брзата железничка линија во Толедо, централна Шпанија, соопшти шпанската компанија за железничка инфраструктура ADIF во објава на платформата X.

Инцидентот се случи една недела откако масовниот прекин на електричната енергија во Шпанија и Португалија ги запре брзите железнички услуги, оставајќи блокирани илјадници патници.

ИЗДВОЕНИ