недела, јануари 18, 2026
Дома LIFE Патници на лет на „Делта ерлајнс“ евакуирани поради проблеми со моторот на...

Патници на лет на „Делта ерлајнс“ евакуирани поради проблеми со моторот на авионот

88

Патниците на летот на „Делта ерлајнс“, кој требаше да полета од меѓународниот аеродром Хартсфилд-Џексон во Атланта, беа евакуирани преку тобоган за итни случаеви откако полетувањето беше прекинато поради проблеми со моторот.

Како што пишува Fox news, инцидентот се случил утрово, а четворица патници пријавиле полесни повреди, соопштија од аеродромот.

Компанијата објави дека на летот имало 201 патник, двајца пилоти и пет стјуардеси.

„Екипажот на летот ги следеше процедурите и го прекина полетувањето откако се појави проблем со моторот“, соопшти компанијата, додавајќи дека безбедноста на патниците и екипажот е најважна.

ИЗДВОЕНИ