На 07.12.2025 година, околу 03 часот, во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар–Кичево, во близина на селото Трапчин Дол, патничко возило „Волво“ со американски регистарски ознаки, управувано од Ф.А. (32) од Кичево, излетало од патот.
Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничката А.З. (25) од Кичево, додека возачот се здобил со телесни повреди. Повредите им биле констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.
Полициска екипа извршила увид на местото на настанот.












