Патничко возило излета во Треска, нема повредени лица

55

Патничко возило излетало во реката Треска, во близина на езерото Матка. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопштија дека според информации од МВР, во првичната фаза немало информации за евентуални жртви.

-По добиената информација, преку Секторот за операции и координација беше известено одговорно лице од ХЕЦ „Матка“ за намалување на испустот на водата, со цел да се овозможи безбедно вршење увид од страна на полициските екипи – информираат од  ЦУК.

Додаваат дек а од СВР информирале оти возилото е извлечено од реката и дека бил извршен увид на лице место.

-Според досегашните информации, во настанот нема повредени лица, а сите инволвирани се здрави, контактибилни и вон животна опасност- потенцираат од ЦУК.

ИЗДВОЕНИ