Патничка се здобила со тешки телесни повреди при судир на автомобил и автобус кај Струга

0

Патничка од струшкото село Лабуништа се здобила тешки телесни повреди при судир на автомобил и автобус на регионалниот пат Дебар – Струга, соопшти денеска СВР Охрид.

Вчера во 11:20 часот, на регионалниот пат Струга- Дебар, во близина на Струга, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од К.Ќ.(70) од селото Велешта, струшко и автобус „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Н.Ф.(42) од селото Лабуништа, струшко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од автобусот Ф.А.(58) од Лабуништа, констатирани во Медицинскиот центар Струга.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Струга.

ИЗДВОЕНИ