Патиштата на Трамп и Путин можеби ќе се вкрстат во Пекинг

92

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека не е исклучена средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во Кина, доколку двајцата се наоѓаат во ист град во исто време. Сепак, тој нагласи дека во моментов нема конкретни договори или подготовки во овој поглед.

– Претседателот Путин веќе ја потврди својата посета на Кина. „Доколку претседателот на САД е во Кина во истиот период, таква средба не може теоретски да се исклучи“, изјави Песков пред новинарите.

Претходно, Трамп потврди дека ја прифатил поканата од кинескиот претседател Си Џинпинг да ја посети Кина, наведувајќи дека „можни се многу средби“ за време на патувањето.

Пекинг ќе биде домаќин на церемонија во септември по повод 80-годишнината од победата над Јапонија во Втората светска војна, а рускиот претседател веќе го потврди своето учество на настанот.

Зборувајќи за предлогот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за организирање на евентуална средба меѓу Путин и Трамп во Истанбул, Песков рече дека таков настан бара темелна и сериозна подготовка.

ИЗДВОЕНИ