Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, потпиша меморандум за разбирање со „CFS Media & Advisory DOO“, во чиј состав се порталот „Балкан грин енерџи њуз“ и регионалната конференција „Белградски енергетски форум“. Со документот се воспоставува рамка за поддршка на енергетската транзиција, инвестициите и на зелената економија, како и за зајакнување на регионалната соработка и европската интеграција на државава. Меморандумот предвидува координирана промоција на стратешките приоритети во енергетиката, размена на информации и искуства и поддршка на реформските процеси во соработка со партнерите од регионот и Европската Унија. Во негови рамки, Министерството ќе ѝ биде институционален партнер на регионалната конференција, која ќе се одржи во Белград, во мај 2026 година, со учество на висока делегација.
– Регионалната соработка и заедничкиот пристап кон развојот на енергетскиот сектор се клучни за обезбедување стабилен, одржлив и конкурентен енергетски систем. Благодарни сме за континуираната поддршка и за професионалниот пристап во промоцијата на напредокот и реформите што ги спроведуваме. Транспарентноста и меѓународната видливост на реформските процеси во енергетиката се клучни – посочи министерката Божиновска.
Од „CFS Media & Advisory DOO“ изразија задоволство од воспоставеното партнерство и од подготвеноста за понатамошна поддршка на регионалната енергетска соработка.
– Им се заблагодаруваме на министерката Божиновска и на нејзиниот тим за укажаната доверба и за силното партнерство. Со овој меморандум, воспоставуваме јасна рамка за соработка во промоцијата на енергетската транзиција, инвестициите и регионалното поврзување – изјави сопственичката на „Балкан грин енерџи њуз“, Бранислава Јовичиќ.
Со меморандумот се потврдува заедничката определба за долгорочно партнерство и зајакнување на меѓународната видливост на реформите и на стратешките приоритети во енергетскиот сектор.












