Кошаркарите на Партизан ја освоија титулата во српското првенство откако на вториот натпревар од финалето на Суперлигата во Суботица го совладаа Спартак со 93:79. Со тоа ја добија финалната серија со 2:0 во победи.

„Црно-белите“ беа предводени до победата од Двејн Вашингтон со 41 поен, а следуваа Аријан Лакиќ и Ајзеа Мајк со по 15 и Алексеј Покушевски со 11 поени.

Најефикасни играчи кај Спартак беа Лука Церовина со 22 и Душан Милетиќ со 21 кош.

Партизан играше во целата Суперлига без осуммина редовни играчи од првиот тим и со тројца јуниори во тимот. Но и покрај тоа, ја освои својата 22. титула во националното првенство, прва од 2014 година.

ИЗДВОЕНИ