Американскиот кошаркар Шејк Милтон ќе мора да се подложи на операција поради фрактура на коската на левата рака. Милтон доживеа сериозна повреда на натпреварот против Студентски центар во Подгорица (78:66). На тој натпревар, го фати противничкиот играч за дрес, поради што се повреди.

Како што наведуваат поедини српски медиуми, кошаркарот на Партизан ќе отсуствува најмалку три месеци.

Милтон оваа сезона во Евролигата имаше просек од 6,7 поени, 3,1 асистенции и 1,7 скока.

Пред Партизан, тој играше во НБА, каде што ги носеше дресовите на ЛА Лејкерс, Бруклин, Њујорк, Детроит, Минесота и Филаделфија.

ИЗДВОЕНИ