Кошаркарскиот клуб Партизан сè уште чека за назначување нов тренер, а во меѓувреме е договорено негово големо засилување. Жоан Пенароја треба да биде тренер на Партизан откако се повлече Жељко Обрадовиќ од таа позиција.
„Црно-белите“ се во добра форма по заминувањето на Жоц, забележаа неколку победи, го добија дербито против Црвена звезда, а сега, во Хумска, со ентузијазам ја примаат веста за нова ѕвезда.
Како што објави српски „Курир“ од сигурни извори, Камерон Пејн, долгогодишен НБА-кошаркар, ќе го облече црно-белиот дрес. Неговото доаѓање претставува едно од најзначајните засилувања за Партизан во тековната сезона.
Американскиот плејмејкер играше за многу тимови во НБА-лигата, како Индијана, Њујорк, Филаделфија, Феникс, Кливленд, Чикаго, Оклахома…











