Со денови се пишуваше дека американскиот кошаркар Малик Бизли ќе го засили тимот на Партизан, но нема да се случи тоа. Оваа информација ја демантираше неговиот агент, Брајан Јангрес, изјавувајќи за „Фронт офис спортс “ дека имало разговори со Партизан, но дека двете страни биле далеку од каков било договор. Потоа и самиот кошаркар го потврди тоа.
- Не доаѓам во Србија. Сите треба да го знаете тоа, не доаѓам – рече, користејќи многу пцости, Бизли во живо на платформата „Твич“.
View this post on Instagram
Тој беше блиску до потпишување тригодишен договор, вреден 42 милиони долари, со Детроит пистонс минатото лето, кратко пред да започне истрагата на ФБИ за обвинувањата за коцкање.











