Парното поскапува за 5,9 отсто

0

Од 1 декември цената за парно за над 60 000 потрошувачи се зголемува за 5,9 отсто. Потошувачите приклучени на Железарското парно ќе плаќаат повисока цена за 7,6 отсто, а на топланата Скопје Север за 7,7 отсто.

 

Како што соопшти претседателот на Регулаторна комисија, Марко Бислимоски, семејство кое плаќало досега 2200 денари сега ќе плаќа за 130 денари повеќе.

 

Зголемувањето на цената е поради неопходни ивестиции за санација на топловодната мрежа.

ИЗДВОЕНИ