Паркот во Ѓорче Петров доби 70 нови клупи

15

Во паркот во Ѓорче Петров, целосно се обновени 70 клупи со нови дрвени штици и освежени рамки.

– Со ова, паркот стана уште поубаво и пријатно место за одмор, дружење и рекреација на сите генерации – соопштија од Општина Ѓорче Петров.

Оттаму додаваат дека во наредниот период токму таму, во срцето на паркот, ќе се одржат повеќе културни и забавни настани.

– Првиот е веќе в петок, на 22 август, летно кино под отворено небо – информираат од локалната самоуправа и ги канат сите заедно да споделат позитивна енергија и да уживаат во новиот сјај на паркот.

 

ИЗДВОЕНИ