Паркот ,,Срце” во Кисела Вода доби мала оаза каде што најмладите ќе се дружат и ќе ја почувствуваат слободата на детството, а семејствата ќе уживаат во мирната попладневна релаксација.
Станува збор за детско каче каде најмладите ќе можат да се забавуваат, но и фонтана со светилки во различни бои, кои создаваат идеална атмосфера за релаксација. Со еден збор, место кое е идеално и за вечерни прошетки.