четврток, февруари 5, 2026
Дома СКОПСКА Паркинг со површина од 1.400 квадратни метри се гради во Стар Аеродром

Паркинг со површина од 1.400 квадратни метри се гради во Стар Аеродром

16819

Општина Аеродром почна со изградба на паркинг-простор кај детската градинка „Црвенкапа“ во населбата Стар Аеродром, со вкупна површина од 1.400 квадратни метри.

Во зависност од временските услови, во наредните денови тој ќе биде целосно асфалтиран.

– Продолжуваме со континуирани инвестиции во инфраструктурата, со цел унапредување на квалитетот на живот и создавање побезбедна и поудобна средина – соопштија од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ