Екипата на Париз беше едно од најголемите изненадувања минатата сезона во Евролигата, предводена од одличниот плејмејкер и повремен македонски репрезентативец, Ти-Џеј Шортс. Тој, заедно со тренерот Сплитер, направи чуда, но загуби голем број играчи во текот на летото и прашањето е дали повторно може да се натпреварува со најсилните во лигата.

Сепак, доаѓаат засилувања, а најново име што пристигна во нивните редови е Ламар Стивенс (28). Станува збор за кошаркар што минатата сезона беше член на Мемфис, тим за кој одигра 20 натпревари од НБА, а најмногу време помина во Развојната лига, каде што бележеше во просек по 17,8 поени и 7,4 скока.

Инаку, Шортс, по завршувањето на сезоната, замина од Париз и во новата кампања ќе го носи дресот на Панатинаикос.

ИЗДВОЕНИ